Кредитна линија на НЛБ Тутунска и ИФЦ за малите претпријатија

Bez autora
Apr 14 2010

НЛБ Тутунска банка и Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ) денеска во Скопје потпишаа договор за нова кредитна линија во износ од 25 милиони евра за кредитирање на мали и средни претпријатија. Максималниот износ на кредитот за претпријатијата е во висина од 750.000 евра , со рок на отплата до 5 години и грејс период до 2 години. Pеализацијата на овој кредитен аранжман се случува во вистинско време кога компаниите имаат потреба од дополнителна финансиска подршка. Со кредитната линија од ИФЦ и аранжманот за подршка на меѓународни трговски трансакции, ќе се зголеми финансиската подршка во доменот на кредитирање на македонското стопанство, потврдувајќи ја нашата посветеност за следење на развојот на малите и средни претпријатија и микро бизнис. Oдобрувањето на овие средства е од особено значење.

Кредитна линија на НЛБ Тутунска и ИФЦ за малите претпријатијаНЛБ Тутунска банка и Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ) денеска во Скопје потпишаа договор за нова кредитна линија во износ од 25 милиони евра за кредитирање на мали и средни претпријатија.

Максималниот износ на кредитот за претпријатијата е во висина од 750.000 евра , со рок на отплата до 5 години и грејс период до 2 години.

Ѓорги Јанчевски, претседател на управниот одбор на НЛБ Тутунска банка на денешното потпишување истакна дека реализацијата на овој кредитен аранжман се случува во вистинско време кога компаниите имаат потреба од дополнителна финансиска подршка.

„Со кредитната линија од ИФЦ и аранжманот за подршка на меѓународни трговски трансакции, ќе се зголеми финансиската подршка во доменот на кредитирање на македонското стопанство, потврдувајќи ја нашата посветеност за следење на развојот на малите и средни претпријатија и микро бизнис“ рече Јанчевски.

Министерот за финансии Зоран Ставревски изјави дека одобрувањето на овие средства е од особено значење.

„ИФЦ изразува подршка на Македонија и на стопанството. Ова е и потврда дека НЛБ тутунска банка е банка која има кредибилитет во меѓународните финансиски кругови и како таква ја има довербата од ИФЦ. Исто така ова е и потврда за подршката што НЛБ Тутунска банка му ја дава на македонското стопанство“ додаде Ставревски.

Според него ова кредитна линија се вклопуваат во вкупните напори на банкарскиот систем на Македонија.

„Ние веќе ја реализираме кредитната линија која е наменета за мали претпријатија од Европската инвестициона банка во износ од 100 милиони евра. До сега се искористени 31 милион евра при што НЛБ Тутунска банка е една од главните банки преку која се реализира таа кредитна линија. До сега 30 отсто од кредитите се одобрени преку НЛБ Тутунска банка, поточно 9 милиони евра.“ истакна Ставревски.

Џовани Даниеле претставник на ИФЦ потенцираше дека ова е прв заем во период од две години и доаѓа во многу важен момент.

„Владата на Македонија направи многу за ублажување од меѓународното економско забавување и со тоа македонската економија ја покажа својата отпорност и жилавост во ова тешко време“ рече Даниеле.

Според него малите и средни претпријатија се особено важни бидејќи се најголем генератор на работни места во поголемиот дел од економијата.

„Овој заем се вклопува во рамката на поширока стратегија за помош која ИФЦ и Светската банка би сакале да ја понудат на Владата на Македонија во тек на оваа економска криза“ истакна Даниеле.

Овој Кредитен ангажман претставува втора инвестиција на ИФЦ под регионално партнерство со НЛБ Групацијата од Словенија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik